Спорт
Ергин Атаман се договори со Панатинаикос

Турскиот кошаркарски стручњак Ергин Атаман е нов тренер на грчки Панатинаикос, договорот ќе биде потпишан на две години.
Оваа вест синоќа ја пренесоа бројни грчки медиуми, а официјализирањето на договорот се очекува во наредните денови. Со недели доаѓањето на Атаман во Атина е главна тема. Беа водени разговори и веќе поранешниот тренер на сеуште актуелниот европски првак не криеше дека преговорите се во тек.
„ Претседателот ми рече дека сака да го врати Панатинаикос таму каде што му е местото, тоа ми одговара. Сакам да освојувам титули и да постигнувам резултати. Во Панатинаикос, сакам да станам новиот Жељко на Панатинаикос “, изјави Атаман пред неколку дена.
За потсетување, Панатинаикос ја започна сезоната со Дејан Радоњиќ, а потоа беше заменет од локалниот стручњак Христос Серелис. Веќе подолго време се споменуваше дека решение за место тренер во Панатинаикос од следната сезона ќе биде поранешниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо. Двете страни дури и разговарале, но очигледно е избран турскиот стручњак.
Панатинаикос оваа сезона ја заврши на претпоследното место во Евролигата со само 11 победи, со две одземени поради казната на Евролигата.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение