Вести
Ердоган прогласи победа на претседателските избори во Турција

Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган прогласи победа на претседателските избори чиј втор круг гласање се одржа денес. Официјални резултати се‘ уште се очекуваат, но тоа не ги спречи поддржувачите на Ердоган да излезат на улиците и да слават победа, а на собирот им се обрати и самиот тој.
„Добивме одговорност да владееме во следните пет години“, им порача Ердоган на граѓаните собрани во Истанбул и истакна дека единствен победник е Турција..
Турски медиуми за сега објавуваат дека од над 98% обработени гласачки места, Ердоган има освоено 52,1 % од гласовите и е пред кандидатот на опозицискиот Национален сојуз, Кемал Киличдароглу.
На претседателските избори во Турција за гласање беа регистрирани повеќе од 64,1 милиони граѓани во земјата, вклучително и над 1,92 милиони кои претходно гласаа на гласачките места во странство.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!