Спорт
Еруптира Неапол под Везув! Наполи е шампион на Италија после 33 години

Неапол е на нозе. Наполи по 33 години е шампион на Италија. Последен кој му донесе радост на овој клуб беше легендарниот Диего Армандо Марадона, а сега тоа го направија Виктор Осимен, Квича Кварацкелија, Елиф Елмас и други..
Како гости, „наполитанците“ ремизираа 1:1 против Уденезе, но тоа беше доволно за избраниците на Лучијано Спалети да го освојат третото Скудето во историјата.
Домашните се обидоа да го расипат славјето на Наполи и добро почна за нив. Словенецот Санди Ловриќ во 13. минута го совлада Алекс Мерет. Гостите на секој начин се обидуваа да израмнат, но тоа не им успеа во првите 45 минути. Сепак, тие уште повеќе го засилија нападат во второто полувреме и го израмнија резултатот во 52. минута преку Виктор Осимен.
До крајот на натпреварот немаше промена на исходот и можеше да започне големото славје на сите кои го сакаат Наполи.
Napoli after winning the title 🎇🔵🇮🇹 pic.twitter.com/vDItiDXpQV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 4, 2023
Ова e трета шампионска титула за клубот од стадионот „Диего Армандо Марадона“, шест пати го освојуваше Купот на Италија, а го има и трофејот во Лига Европа (1988/1989).
На улиците на Неапол се подготвува голема прослава и не треба да чуди зошто е тоа така, бидејќи од последната титула поминаа 33 години.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение