Рецепти
Есенски рецепт кој ќе ги задоволи сите сетила-Тестенини во сос од тиква
Знаеме дека тиквата е кралица на есента и дека може да се искористи во подготовка на многу различни јадења. Иако е необично, тиквата може да биде одлична и за подготовка на сос за тестенини. Ова е есенски рецепт кој вреди да се проба, па зошто да не биде и ваш избор…
состојки
80 гр. суџук
половина главица кромид
100-150 гр тиква
150 мл неутрална павлака
200 гр тестенини
100 гр. сирење
маслиново масло, сол, бибер
грст ореви
подготовка
Исечете ги кромидот и тиквата на коцки. Во тавче пропржете го ситно исецканиот суџук, да порумени. Во истото тавче потоа ставете маслиново масло и кога ќе се загрее додадете го кромидот и пропржете го. Потоа, додадете ја тиквата и крчкајте додека не омекне. Кога ќе омекне, додадете неутрална павлака и рендано сирење и зачинете по желба. На крај сè изблендирајте за да добиете мазен сос.
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето, но во посолена вода. Зачувајте дел од водата и додајте во сосот доколку е потребно, во случај да испадне малку погуст. Додадете ја сланината и сè добро измешајте. Послужете ги тестенините додека се уште топли. Одозгора, посипете со сецкани ореви.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија