Здравје и убавина
Есенско опаѓање на косата – Како да си помогнете?

Голем број луѓе во есенските месеци се соочуваат со поизразено опаѓање на косата. Науката објаснува дека телото чувствува оти скалпот има потреба од поголема заштита во текот на летните месеци и поради тоа во летото косата расте побрзо и повеќе. Со заладување процесот е обратен, на скалпот не му треба толку голема заштита и се случува сезонско губење на косата.
Како можете да си помогнете?
Има неколку едноставни совети со кои можете да го намалите есенското губење на косата. За почеток намалете или целосно отфрлете ја употребата на разните хемиски препарати за коса како лак, гел, пена и слично. Заменете го вашиот шампон со некој поблаг на билна основа, коприва, бреза, камилица или пак со шампон за деца. Треба да бидете многу внимателни кога косата ви е мокра, да не ја чешлате или врзувате.
Има повеќе природни состојки кои може да ви помогнат за зајакнување на косата во кризен период. Кокосовото млеко, кое е богато со протеини, масти и минерали е едно од нив. Нанесете го на косата со помош на четка за бојадисување, покријте со капа за туширање и оставете 20 минути. Потоа исплакнете го и измијте ја косата со шампон.
Од корист може да ви биде и Алое Вера гел со кој треба да го измасирате скалпот и да оставете да делува 20-тина минути.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден