Македонија
ЕСМ ги објави фирмите кои добија субвенционирана струја

ЕСМ ги објави компаниите кои добија субвенционирана електрична енергија по 80 евра од мегаватчас. Станува збор за 187 компании кои пријавиле 308 броила.
Овие компании сега добиваат поевтина електрична енергија одколку на слободниот пазар и Владата очекува од истите да ги намалат цените на своите производи за 10 отсто.
Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба започна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата.
Компаниите кои досега не аплицирале, имаат можност да ги пополнат документите до 20 декември со цел од 1 јануари 2023 да влезат во списокот на произведувачи кои до 30 април ќе добиваат поевтина електрична енергија.
Извор:Стопанска комора
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение