Поврзи се со нас

Македонија

ЕСМ понуди 17% поскапа струја, колку ќе плаќаат граѓаните ќе одлучува Регулаторна

Објавено

на

ЕВН Хоме информираше дека како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот Јули-Декември 2022, добила само една понуда од АД ЕСМ.

 „АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукциja, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.  Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот Јули-Декември 2022 e за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (Јануари-Јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како Универзален снабдувач.“, информираат од компанијата.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена