Гостивар
Етно вешта жена Гостивар 2023 со „Славска маса“ и вредни креативни дечиња

Традицијата, вкусната храна по старински рецепти и хуманоста повторно ги спои гостиварки преку манифестацијата Етно вешта жена, која вечерва се одржува во Гостивар.
За годинешната трпеза „вештите жени“ подготвија и сервираа разни видови на специјалитети, пити, кифлички, погачи, торти, колачи и други солени и слатки залаци и сетоа тоа тематски како богата трпеза за домашна слава, а гостоите се пречекуваа со погача, сол и благо.
„Жените подготвија преубава славска маса, со цел да се покаже се‘ она што некогаш се подготвувало кога се пречекувале гостите на домашна слава. Секако, со оглед дека се работи за „славска маса“ најважно е да има погача, пченица, вино, па баклава и разни други солени и благи специјалитети, коишто се декорираат и сервираат со етно елементи, како што е редот на традициите“, кажа Мирјана Србиноска, претседателка на здружението Вешта жена во Гостивар.
Настанот годинава го збогатуваат дечиња од трите гостиварски основни училишта „Гоце Делчев“, „Единство“ и „Мустафа Ќемал Ататурк“. Тие имаат задача да изработуваат и изложат есенски плодови од различни материјали, преку што ја покажуваат својата креативност и меѓусебно се дружат.
„Мора да се почнува од корените, а корените се децата, од нив почнуваме да создаваме, да ги учиме, па да очекуваме дека кога ќе пораснат ќе ја сфатат смислата на живеењето, а тоа е помагање на другите. Преку овие активности ние ги мотивираме децата да создат нешто креативно, со помош и благодарение на нивните наставнички. А, дечињата знаат дека нивните изработки и храната од Етно вешта жена потоа се продаваат на лицитација и средствата се користат за хуманитарни цели, како и за предновогодишно радување на самите деца, со посети во училиштата со Дедо Мраз, подароци, забава.Споделената љубов со другите ве прави вас лично среќни, ако вие успеете да насмеете некој од другата страна, некој кој во моментот има некои проблеми, макар на пет мнути да го отргнете од тие проблеми, сте направиле нешто големо“, изјави подвлече Снежана Стојаноска-Жана, претседател на републичкото Здружение Вешта жена.
„Етно вешта жена“ се организира со цел да се нагласи важноста на зачувување и негување на традициите и во таа мисија да се вклучуваат што повеќе млади.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог