Вести
Етно вешта жена во Гостивар по осми пат
Во Гостивар вчеравечер се одржа осмото издание на манифестацијата Етно вешта жена. Гостиварки се дружеа и забавуваа преку спојувањето на традицијата и вкусната храна. Годинешната трпеза беше подготвена во знакот на есенските плодови, особено јаболкото. Меѓу специјалитетите имаше пити, разни слатки, погачи и друго, сите направени по старински рецепти од умешните и вредни гостиварки.
Во манифестацијата овојпат беа вклучени и ученички од основното училиште „Единство“.
„Девојчињата со голема радост ја прифатија нашата покана да бидат дел од настанот и самите да учествуваат во подготовка на мафини. На тој начин сакавме да ги отргнеме малку од телефоните и компјутерите и да развиваат креативност. На трпезата годинава доминира јаболкото и разни специјалитети кои се прават од ова овошје.“, рече Мирјана Србиноска, од здружението Вешта жена-Гостивар.
Манифестацијата Етно вешта жена се организира со цел помладите генерации да се потсетат и поттикнат да подготвуваат јадења по традиционални рецепти кои се пренесуваат во семејствата со генерации.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград