Македонија
ЕУ додели 15 милиони евра за опрема и обука на македонската армија

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Армијата на Република Северна Македонија и нејзината оперативна подготвеност, јави дописникот на МИА од Брисел.
– Денеска се согласивме да и обезбедиме на Северна Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија, изјави во врска со одлуката високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
Таа додаде дека овие средства ќе бидат искористени за набавка на различна опрема – од онаа намената за прибирање разузнавачки информации и за надзор, до онаа за потребите на борбената обука.
– Нашата поддршка ќе и помогне на Северна Македонија да придонесе кон регионалната стабилност и безбедност, што е важно не само за Западниот Балкан, туку и за ЕУ, наведе Калас.
Според неа, со поддршката за земјава наменета за спречување конфликти и за зајакнување на регионалната стабилност, Унијата покажува дека „целосно ја поддржува Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ“.
– Со нетрпение го очекувам мојата прва посета следниот месец за дополнително да разговараме за нашата заедничка агенда, додаде Калас во изјавата.
Како што соопшти Советот на ЕУ, со денешната и со билатералните пакети за поддршка во 2023 и 2024 година, вкупната помош од Унијата за земјава во рамки на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) достигна 38 милиони евра.
– Денешната одлука го покажува континуираниот ангажман со Северна Македонија во областа на безбедноста и одбраната, вклучително и на потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија минатиот ноември, и го одразува целосното усогласување на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се наведува во соопштението.
Со денеска издвоените средства преку ЕПФ на македонската Армија ќе и биде обезбедена опрема со разузнавање, надзор и извидување и за електронско војување, потоа комунални и инженерски возила, комуникациски и информациски системи и опрема за борбена обука, а, доколку е потребно, ќе се организира и оперативна обука за нивно користење.
– Новата мерка за помош, исто така, ќе го зголеми потенцијалот на Северна Македонија да придонесе во операциите и мисиите на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и во сите меѓународни коалиции, се додава во соопштението.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог