Поврзи се со нас

Вести

ЕУ размислува за воведување санкции против Турција поради нејзиното зближување со Русија

Објавено

на

Западните земју се повеќе се вознемирени од продлабочувањето на врските меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, што ги зголемува шансите за казнена одмазда против членката на НАТО доколку и помогне на Русија да избегне санкции, пишува Фајненшл тајмс.

Шест западни претставници изјавија за медиумот дека се загрижени поради ветувањето на лидерите на Турција и Русија за проширување на трговската и енергетската соработка по нивниот четиричасовен состанок во Сочи.

Тројца европски претставници рекоа дека ЕУ сè уште не одржала разговори за ова прашање. Тие велат дека формалната одлука на ЕУ за санкции против Турција ќе биде предизвик, со оглед на поделбите за ова прашање во блокот.

По минатонеделниот состанок во Сочи, највисокиот енергетски функционер на Москва, вицепремиерот Александар Новак, им изјави на новинарите дека Турција се согласила да го плати рускиот гас во рубли. Путин и Ердоган разговараа за понатамошен развој на банкарските врски и порамнувања во рубли и лири, додаде тој.

Говорејќи во својот авион назад од Русија, Ердоган им рече на новинарите дека има и „многу сериозен развој“ во врска со користењето на рускиот систем за платежни картички Мир, кој им овозможува на Русите во Турција да плаќаат со картичка во време кога Visa и Mastercard ги суспендираа своите операции.

Вашингтон постојано предупредуваше дека земјите кои и помагаат на Русија да ги избегне санкциите ќе бидат погодени со „секундарни санкции“ насочени кон прекршувања што ја надминуваат правната јурисдикција на Соединетите држави, потсетува „Фајненшл тајмс“.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена