Вести
ЕУРО 2024: Какви се шансите на екипите кои играа против Македонија во квалификациите?
Главниот дел од квалификациите за годинешното европско првенство во фудбал заврши минатата година. Како што сите знаеме, за жал, Македонија не успеа да обезбеди пласман. Иако имавме доста причини да не бидеме задоволни од настапот на нашите репрезентативци на некои од натпреварите, сепак треба да признаеме дека нашата квалификациска група Ц беше една од најтешките на овие квалификации.
И пред да започнат квалификациите, ретко кој сајт за обложување и даваше големи шанси на македонската фидбалска репрезентација. Најдобрите меѓу нив, како на пример Mozzart MK, им понудија одлични коефициенти на играчите кои типуваа на тоа дека ќе успееме да се пласираме. За среќа истите нудеа и добри коефициенти за останатите типови.
Како и да е, квалификациите се зад нас, а возбудливите натпревари на ЕУРО 2024 допрва доаѓаат. Во овој текст ќе се осврнеме на шансите за успех на екипите кои играа против Македонија во квалификациите. Според многумина, евентуален нивен успех би ја ублажил болката од нашиот неуспех знаејќи дека сме изгубиле од најсилните во Европа.
Англија
Фудбалската репрезентација на Англија заедно со Франција, важи за еден од фаворите на престојното европско првенство. Тие ги завршија квалификациите на првото место без ниту еден пораз. Од нив го забележавме и највисокиот пораз од дури 7:0. Сепак, ние бевме еден од двата тима кои успеаа да изиграат нерешено (1:1) со оваа силна екипа.
Како и речиси секогаш до сега, во овој дел од натпреварувањето Англија е неприкосновена – има конзистентност во играта и многу успеси. Но, прашање е што се случува со оваа екипа кога ќе дојде на завршниот турнир.
Овој пат ќе настапат со играчи кои нудат спој од искуство и младост. Се работи за светски познати и признати играчи на секоја позиција. Некои од звучните имиња ги вклучуваат Хери Кејн, Трент Александар-Арнолд, Џад Белингхам и Деклан Рајс.
Секако, тука не треба да ја исклучиме и мотивацијата на менаџерот Герет Саутгејт кој веќе еднаш стигна до полуфиналето на ЕУРО 2020. Дали ќе го надмине успехот овој пат останува да видиме.
Со оглед на тоа што Англија настапува во групата Ц (исто како и во квалификациите), заедно со Словенија, Србија и Данска, многумина предвидуваат дека Англија нема да има никакви проблеми да заврши прва во оваа конкуренција и дека најважното следува после оваа фаза.
Сепак, не треба да заборавиме дека англиската репрезетација е секогаш под притисок на јавноста која се уште чека победа на важно натпреварување (уште од 1966). Се на се, Англија има солидни шанси да го освои ова европско првенство бидејќи имаат искусен менаџер, талентиран и искусен тим и релативно лесна почетна група.
Италија
Македонската репрезентација успеа да направи уште еден потрес за време на квалификациите вадејќи нерешено (1:1) против големиот фаворит Италија на домашен терен. Сепак во реваншот италијанската репрезентација беше немилосрдна совладувајќи не со 5:2. Тоа беше претпоследен меч на Италија која на крајот заврши втора во групата.
Не треба да заборавиме дека Италија е актуелен освојувач на европското првенство. Тоа во самиот почеток им носи самодоверба. Дополнително некои од играчите како Донарума и Жоргињо и самите настапуваа на ова првенство. Добро е што Италија има и нови таленти како Заниоло и Распадори кои допрва ќе ни покажат што имаат да понудат на главните турнири.
Единствено нешто кое може да им ги помати сметките на ЕУРО 2024 е почетната група во која се наоѓаат Хрватска и Шпанија кои секако не се екипи за потценување. Од друга страна, доколку ја поминат групната фаза и притоа завршат на прво место, уште повеќе ќе ја зголемат самодовербата.
Уште нешто што треба да споменеме во врска со Италијанците е тоа дека нивната форма осцилира. На пример, иако го освоија ЕУРО 2020, тие не успеаа да се квалификуваат на Светското Првенство 2022. Секако дека се сеќавате дека токму македонската репрезентација ја победи Италија и беше причината за оваа реткост – Италијанците да не одат на првенството.
Генерално земено, шансите на Италија се поврзани со нивното пронаоѓање на конзистентност во играта како и замена на постарите играчи со помлади. Ќе биде тешко да се мине групната фаза доколку се потпираат само на искуството бидејќи ќе биде потребна многу енергија во следните фази.
Украина
Во текот на квалификациите во групата Ц, доживеавме два порази од Украинците, но тоа не беше доволно за оваа репрезентација директно да се квалификува на ЕУРО 2024. Со други зборови, не може да зборуваме за нивниот успех на ова натпреварување бидејќи треба да ја поминат плеј оф фазата.
Иако можеби играчите на Украина во мислите се со војната во нивната земја, тие покажаа зрелост и успеси во текот на квалификациите. За да изборат пласман понатака, ќе треба најпрво да ја поминат Босна и Херцеговина а потоа и победникот од дуелот меѓу Израел и Исланд.
Босна и Херцеговина има предност на домашен терен, но Украина веќе покажа дека игра одлично на гости. Секако, најголем удел во потенцијалните успеси треба да донесат некои од најдобрите играчи на Украина како Зинченко, Јармоленко како и Јаремчук.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди