Спорт
Еуроникел по продолжение славеше против КК Гостивар

Заврши натпреварот од 9. коло помеѓу Еуроникел и КК Гостивар, во кој по едно продолжение се радуваа домаќините со резултат 92-86.
Ефикасно прво полувреме прикажаа кошаркарите на двете екипи. Почетните минути од натпреварот им припаднаа на гостиварци, но играчите на Еуроникел успеаа да ги добијат првите 10 минути (26-16). Вториот период им припадна на гостите (20-24), за на паузата се замине со резултат 46-40.
Во вториот дел следуваше изедначена борба со малку поени и на двете страни. Третиот период заврши изедначен (18-18), со што домаќините успеаа да го задржат водството од полувреме. Во последните 10 минути играчите на домашниот тим влегоа со +6, а на 6 минути пред крајот гостиварци успеаа да израмнат на (69-69). До крајот на натпреварот се менуваше водството, и двете екипи имаа можност порано да го одлучат победникот, но попушти концентрацијата во последните секунди од натпреварот. На (78-76), Пипкинс беше присебен од линијата за слобдни фрлања, по што обезбеди дополнителни 5 минути.
Во продолжението Еуроникел успеа брзо да стигне до позитива од 5 поени, разлика која за играчите на КК Гостивар беше недостижна. Натпреварот заврши 92-86.
Лувејн Пипкинс беше најефикасен на натпреварот со 33 поени , Митевски постигна 21, Дарко Соколов беше најефикасен кај домаќините со 20 поени.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение