Гостивар
Ева Дејановска од Гостивар првонаградена за поетска творба на Детските Рацинови средби

Гимназијалката Ева Дејановска ја освои првата награда на литературниот конкурс за поетска творба на Детските Рацинови средби, кои по 55-ти пат се одржаа во Велес. Гостиварката беше прогласена за најдобра во категоријата за средношколци на дадената тема:Рацин-поет на болката и љубовта. Успехот го постигна под менторство на професорката по македонски јазик Жаклина Ѓорѓиоска, со која заедно присуствуваа на манифестацијата и свеченото доделување на наградите.
Ова е уште едно во низата признанија на полето на литературата за Ева, која до сега има добиено бројни награди на литературни конкурси и манифестации на државно и на меѓународно ниво.
На 55-тите Детски Рацинови средби успех забележа и ученикот Ердал Беќири од ОУ „Јосип Броз Тито“ во Жировница, кој под менторство на наставникот Рамазан Раманоски на поетскиот конкурс, освои трето место во категоријата за основци.
-
Гостиварпред 6 дена
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 1 месец
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 2 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие