Вести Гостивар
Еве како самите да си направите сангрија

Сангрија е освежителен алкохолен пијалак кој содржи парчиња овошје. Сангријата е шпански пијалак, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, ви пренесуваме еден:
Важно е да сметата дека сангријата се подготвува еден ден порано, пред послужувањето или конзумирањето. Но, најважно од се е да имате свежо овошје.
– праски
– јаболка
– црно грозје
– бело грозје
– диња
Овошјето исецкајте го на мали коцки во еден сад, прелијте го со вештачки засладувач, по желба може ванилин шеќер и оставете го да отстои нешто повеќе од час и половина.
Кога овошјето ќе ги испушти своите сокови, додадете горк ликер како пелинковец, амарето, јагермеистер (по желба можете да ги мешате, но не се препорачува); црно вино по ваш избор и обична вода. Измешајте се убаво во садот за овошјето да го апсорбира алкохолот од ликерот и виното и да ја испушти својата арома во пијалакот.
Затворете го садот и ставете го во фрижидер да отстои 24 часа. Утредента со „усул“.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја