Занимливости
Еве какви се најнеобичните утрински кафиња ширум светот
Утринското кафе е најчестиот ритуал со кој луѓето од целиот свет го започнуваат својот ден. Но, се разбира не секаде се пие истиот тип на кафе. На сите ни се познати традиционалното турско кафе, еспресо, макијато, капучино…За нив нема што да се открива ново, едноставно секој го одбира своето омилено. Сепак, со овие видови на кафиња, не завршува приказната за најомилениот пијалок на светот. Во продолжение прочитајте какви се најнеобичните кафиња во различни земји.
Кина-Утринското кафе е мешавина од црн чај, бибер, кафе и кондензирано млеко.
Мароко-Исто така, користат бибер во кафето, но додаваат и сусам и морско оревче.
Виетнам-Виетнамците најмногу сакаат да пијат кафе со јајце. Се прави со жолчката од јајцето, шеќер, кафе и млеко.
Германија-Во кафето се додава рум и многу шлаг.
Финска-Во оваа земја служат кафе со кашкавал. Всушност, парчето кашкавал се става на дното на филџанот пред да се налее кафето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар