Занимливости
Еве зошто ви лета викендот (како и животот после 30-тата година)

Ако се` што мислите во понеделник е како викендот брзо помина, можеби е време да промените нешто во иднина. Се испостави дека клучот за решението на оваа проблематика, за викендите да не ни летаат, е во тоа да се побара и направи нешто ново, пишува Lifehacker.
Според Давид Иглман , професор на Стенфорд, и авторот на книгата:„The Brain: The Story of You“, потрагата по нови активности и искуства се најдобриот начин да го „растегнете“ времето. Многу е важно и што вашиот мозок подразбира под „ново“. Кога го поминувате времето работејќи нешто за вас непознато, вашиот мозок максимално се фокусира на прибирање информации поврзани со таа активност, создавајќи меморија на искуство. Кога се сеќавате на тоа искуство или ситуација, имате впечаток дека имате (или сте имале) повеќе време.
Значи, ако имате исти или скоро исти активности секој викенд, нема многу да се сеќавате како ги поминавте слободните денови кога ќе пристигне понеделник. Имате впечаток како деновите да ви летнале, бидејќи на вашиот мозок не сте му „дале“ нови информации кои би ги меморирал и интегрирал во својот систем.
Иглман дури потенцира дека рутински поминат викенд, наликува на долго досадно лето – делува како вечност додека сте во воздухот, но кога ќе слетате, практично ништо не се сеќавате и го заборавате цело тоа искуство. Иста е причината кога ни се чини дека времето брзо поминува како старееме.
Иглман објаснува:
„Кога сте малечки, се` ви е ново и создавате нови спомени на тоа. Затоа кога ќе се присетите на крајот на летниот училишен распуст, ви се чини дека тоа долго траело бидејќи помните се` и сешто, сте научиле да возите велосипед, сте биле на одмор или на село, сте доживеале многу нови искуства и виделе нови работи. Но, кога сте повозрасни, како да сте ги виделе сите искуства порано, не се нови за вас, па мозокт само ги прелистува и не бележи ништо ново.
За среќа, потрагата за нешто ново и интересно секој викенд и не е така тешко, како што звучи – не мора баш да скокате со падобран. Само треба да направите планови и изберете работи кои не се во рамките на вашата „нормална рутина“
Би ви предложиле:
- Одете некаде за викенд, село, езеро, ливада, планина;
- Ако морате да останете дома, тогаш еден ден од викендот нека биде работен – средување на домот, набавки, средување на дворот, семеен ручек, а другиот ден нека биде посветен на некои нови работи кои не ги правите толку често;
- Пешачете некаде надвор од вообичаената рута или пат по кој најчесто се движите;
- Посетете некој нов ресторан, бар, кафуле, слаткара;
- Истражете го крајот околу вашиот град или Македонија некаде каде не сте биле;
- Кога пазарувате одете до пазарот или маркетот кои ви се подалеку и поретко ги посетувате;
- Ако гледате филмови за викенд, за промена погледнете некоја претстава, или некој спортски натпревар;
- Немојте да летувате или зимувате секогаш на исто место.
Кога правите нови работи, како времето да се убрзува. Правете работи кои ве исполнуваат и кои ве прават среќни, кои не сте ги пробале до сега. Ќе се чувствувате задоволно, не само кога ќе дојде понеделник, туку и целиот живот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден