Поврзи се со нас

Занимливости

Евгеника – болна потрага по совршениот човек

Објавено

на

Прв кој тврдел дека државата мора да го контролира раѓањето, ако сака да создаде посилна раса, е грчкиот филозоф Платон (427-347 п. н. e.), додека за Спартанците се верува дека применувале еден вид на природна селекција (на пример, болежливите деца ги изнесувале од градот и ги оставале да умрат).

Терминот “евгеника” се појавил во 1883 година, измислен од страна на британскиот научник Сер Франсис Галтон од грчкиот израз за “добри плодови”. Галтон бил братучед на Чарлс Дарвин, познатиот еволуционист и татко на теорија за природна селекција. Галтон верувал дека, поголемиот дел индивидуални особини, добри и лоши кај луѓето се наследни, и дека човечката раса ќе се подобри доколку би постоела некаква форма на контрола врз раѓањето.

Во 1873 година Галтон напишал:
“Јас не гледам никаква ароганција на кастите која би ја спречила талентираната класа да ги третира своите несреќни сонародници со должно внимание, се додека тие се придржуваат на целибатот. Но, ако продолжат да работат морално, интелектуално и физички инфериорните деца, веројатно ќе дојде време кога таквите особини ќе се сметаат за непријатели на државата”.

Галтон правел разлика помеѓу “позитивна” и “негативна” евгеника. Првата го охрабрува размножувањето на “вистинските”, а другата го обесхрабрува и оневозможува размножувањето на луѓето со “грешка”.

Евгениката, особено во САД во тоа време се трансформирала во популарна наука. Александар Греам Бел, човекот кој го измислил телефонот, работел со глуви лица и во 1881 година ја објавил „Memoir upon the Formation of a Deaf Variety of Human Race“ (Научна дебата за формирањето глуви членови на човечката раса), во која се залага да им се забрани бракот на глувите лица, бидејќи најверојатно би имале глуво потомство.

Развојот на евгениката и евгеничкото истражување биле финансирани од многу богати луѓе како што е банкарот Џон Д, Рокфелер и Џон Харви Келог.

Теорија на заговор

Многу земји, особено САД, нацистичка Германија, Канада, Австралија, Норвешка, Финска, Естонија, Швајцарија и Исланд, ја практикувале евгениката на цели групи од своите граѓани, против нивната волја, а често и без нивно знаење.

Некои се воделе според алтруистичките мотиви. Се тврдело дека жените со тешка ментална болест не смеат да ја ризикуваат да останат бремени бидејќи се премногу ранливи. Имало и екстремни примери, на пример во САД, а посебно во нацистичка Германија, евгениката се применувала како средство за расно “чистење”.

Докази

Постојат неоспорни докази дека науката за евгеника служела како оправдување за стерилизација. Во 1855 година, во Канзас е донесен закон со кој, секој црн маж кој ќе силува или се обиде да силува бела жена, се казнува со кастрација. Во 1907 година во Тексас се усвојува закон силувачите и сторителите на инцест. Оваа практика до 1920 година се проширила насекаде низ САД.

Законите во многу држави се надополнети со одредби за стерилизација кај ментално болните, според што дефиницијата за ментално болен човек е сосема нејасна. Во тогашното законодавство се спомнувале термините: “малоумни”, “идиоти”, “морони“, “морални дегенерици”, “имбецили”, “епилептичари”, “алкохоличари” и “ретардирани”.

Луѓето кои ги дијагностицирале состојбите, често немале никакви квалификации. Понекогаш се барал рудиментален тест за интелигенција, кој би го извршиле болничари или службеници на судот.

Во својата книга „The Surgical Solution“ (Хируршки решенија. 1991) лекарот и адвокат Филип Рајли, проценува дека во периодот од 1907-ма до 1963-та година, без нивна волја и согласност, стерилизирани се дури 10.000 американски припадници.

Еден од првите закони, кој го донел Адолф Хитлер по превземање на власта во 1933 година бил „Gesetz zur Verhütung erbkranken Nachwuchses“ (Закон за спречување на наследно заболено потомство). Ширум Германија, тој основал повеќе од 200 евгенични судови, кои се сметале за аргумент за стерилизација, а во екстремни случаеви еутаназија – поединечни пациенти.

Лекарите биле должни да ги пријават на судот сите свои пациенти со ментални заболувања, епилепсија и физички заболувања, вклучувајќи парализа и глуво – немост. Доста луѓе завршиле во рацете на лекарите и научниците, кои на нив изведувале ужасни експерименти со цел подобрување на науката. По завршувањето на војната, во склоп на одбраната на судењето во Нирнберг, високите нацистички функционери со евгенично потекло се повикувале на америчкиот преседан.

Вистина или мит?

Жртвите на присилна стерилизација на Запад – не само во нацистичка Германија, но исто така и во САД – се бројат во илјадници. Последната присилна стерилизација била спроведена релативно неодамна, во 1963 година. Евгениката, која повеќето денешни луѓе ја поврзуваат со нацизмот била принудена да го смени терминот.

Галтон институтите и денес функционираат во Велика Британија и Америка, но нивната област на студии се нарекува “криптоевгеника”. Научниците ја истакнуваат позитивната страна на таа работа, вредните истражувања на полето ин витро оплодување, складирање на сперма, јајчници и ембриони.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 4 часа

Зошто симптомите на настинка се влошуваат навечер?

Спортпред 5 часа

Висар Муслиу продолжува во белгиски Сент Труден

Гостиварпред 9 часа

На повидок решение за каналот за наводнување во Гостивар поради кој протестираа земјоделци

Македонијапред 10 часа

Какви мерки ќе преземе Владата за високите цени на храната ќе се знае деновиве

Гостиварпред 11 часа

Ќе се избираат пет судии во Основен суд Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Оглас за избор на 47 јавни обвинители од кои 2 во ОЈО Гостивар

Светпред 12 часа

УСАИД: Сите вработени на административен одмор од сабота, освен персоналот на клучните функции

Деца Родителипред 15 часа

Како да воспитате деца кои ќе сакаат да се дружат и да бидат блиски со вас кога ќе пораснат?

Спортпред 1 ден

Младите мечувалци од клубот „Витез“ од Гостивар успешни на Државното првенство

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена