Гостивар, 13.11.2020 – ЕВН Македонија продолжува со реализација на проектот за дуално образование „20-20-20“. Во рамки на истиот, ЕВН денес официјално предаде таблет компјутери за дваесет и три ученици од втората генерација на „20-20-20“ паралелката во ОСТУ „Гостивар“ во Гостивар.
На примопредавањето на таблет компјутерите, присутни беа претставници на ЕВН Македонија како и претставници на ОСТУ „Гостивар“. Раководителот на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Тетово, г.Ардит Садику зборуваше за важноста на поддржувањето на најмладите во овој период на дигитализација.
„Горди сме што за време на пандемија им излегуваме во пресрет на најмладите во најважниот сегмент од животот – едукација. Сите сме сведоци на тоа дека во новата нормала на живеење, дигитализацијата стана неодвоен дел од животот на секој човек, а особено на учениците. Целава ситуација им наметна нов неопходен начин на функционирање и едукација, а од друга страна обезбедувањето на дигитални уреди претставува голем товар за најмладите“, рече Садику.
Директорот на училиштето г. Бесир Салиу, го искжа неговото задоволство од соработката со ЕВН и тековното одвивање на проектот.
„Проектот на ЕВН „20-20-20“ е еден посебен проект кој разбуди голема мера на заинтересираност кај учениците од Гостивар и регионот. Годинава се запиша втората генерација на ученици, а бројот на заинтересирани беше огромен. Учениците на ЕВН паралелките се многу задоволни и покажуваат големи успеси благодарение на одличното менторство од вработените во компанијата“, изјави Салиу.
Годинава се запиша четвртата генерација на проектот „20-20-20“ во училиштето „Михајло Пупун“ во Скопје. Во рамки на проектот, во 2019 се отвори првата ЕВН паралелка и во Гостивар. Ичениците кои се дел од оваа програма имаат практична обука според европски стандарди и се здобиваат со вештини потребни на пазарот на работна сила. Освен таблет компјутери, учениците на располагање имаат опремени кабинети со опрема и метеријали донирани од Компанијата, како што користат и нејзините вработени при обавувањето на секојдневната работа. Учениците при процесот на учење преку работа се монторирани од страна на стручни електромонтери и електроинжинери од ЕВН и по нивното успешно завршување на образованието ќе имаат можност за вработување во компанијата.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK