Поврзи се со нас

Гостивар

Евроамбасадорот Гир во Гостивар: Овде сме да дискутираме, слушаме и научиме!

Објавено

на

ЕУ ќе биде покрај вас, ќе ве поддржи во пристапниот процес, ги охрабруваме сите да ги искористат своите можности да придонесат за позитивни реформи на патот на Северна Македонија до Европската Унија, порача од Гостивар, шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир.

Евроамбасадорот е во целодневна посета на Гостивар во рамки на кампањата „ЕУ со тебе”. Претпладнето го помина на средба со градоначалникот, Арбен Таравари и членовите на општинскиот Совет.

„Преговорите за пристапување на Северна Макденија во ЕУ сега се отворени и ја почнавме фазата на скрининг. Една од целите на оваа посета е да објасниме што тоа значи во пракса, какви чекори се преземаат, кој е патот по кој ќе одиме, да размениме мислења и ставови со граѓаните, советниците  и локалната самоуправа. Да потсетиме дека околу 70% од одговорноста за имплементација на законите кои ќе бидат хармонизирани со закодавството на ЕУ паѓа врз плеќите на општините. Друга цел е да ги охрабриме сите да ги искористат своите можности да придонесат за позитивни реформи во земјава на патот до Европската Унија. И трето, да порачаме дека ЕУ ќе ве поддржи, ќе застане до вас.“, изјави Гир.

Во последните 10 години со фондови од ЕУ на територијата на Општина Гостивар реализирани се околу триесетина проекти во вредност од околу 4,8 милиони евра, рече Таравари.

„Се надевам дека поддршка ќе добиваме и во иднина. Добив информација дека ќе има и други проекти каде ќе може да конкурираме како општина. Од денес ќе имаме и контакт лице кое постојано ќе биде во комуникација со канцеларијата на ЕУ, се‘ со цел да знаеме кога има одредени објави за да конкурираме со добри проекти. Со Амбасадорот на средбата зборувавме и за тоа дека Македонија што побргу треба да биде дел од европското семејство, во тој поглед не гледам дека ќе има некаков проблем во Гостивар, овде повеќето луѓе се согласуваат со тоа“, изјави градоначалникот.

Во рамки на кампањата Гир ќе го посети Здравствениот дом во Гостивар каде ЕУ има донирано помош во вакцини против ковид, како и медицинска опрема, донација што е дел од помошта во здравството од 8 милиони евра за земјава. Исто така, ќе оствари средби со претставници на невладини организации и со граѓани.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 50 минути

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 2 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 3 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 14 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 15 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 17 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 19 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 20 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена