Гостивар
Евроамбасадорот Жбогар во посета на Општина Гостивар
Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар денес беше во посета на Општина Гостивар, кадешто оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари. Теми на разговор, како што рекоа на прес конференцијата по средбата, биле актуелностите во општината, имплементирањето проекти во Гостивар со поддршка на ЕУ, можностите за продлабочување на соработката и слично.
„Чест ни е што во Гостивар денес како гостин го имаме Амбасадорот Жбогар. На средбата што ја имавме разговаравме за локалната власт, проектите во минатите две години, но и плановите кои ги имаме за идните години, во повеќе сегменти: образованието, инфраструктурата, како и за проекти кои се реализирани со помош на ЕУ. Сакам јавно да му се заблагодарам за поддршката и се надевам дека нашата соработка и натаму ќе остане коректна, како што била до сега и се надевам дека ќе го имаме Амбасадорот, што почесто во нашиот град“, изјави Таравари.
Евроамбасадорот нагласи дека со градоначалникот разговарале и околу мислењето и очекувањата на гостиварци, по недобивањето на датум за преговори во октомври.
„По октомвриската одлука на Советот на Европа, ние решивме уште повеќе да допреме до граѓаните, до локалните жители на секоја општина и затоа ги правиме овие посети низ општините. За нас е важно да ги знаеме очекувањата и проблемите на граѓаните, за да можеме нашата помош да ја приспособиме кон потребите на жителите. Како и секогаш, со градоначалникот имавме интересен разговор и драго ми е што повторно сум овде.“, рече Жбогар.
По средбата во општината, Амбасадорот на ЕУ беше во посета на гостиварската гимназија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград