Спорт
Евролигата вечерва ќе го добие новиот шампион – Олимпијакос или Реал Мадрид?

Кошаркарите на Олимпијакос и Реал Мадрид вечерва во „Жалгирио Арена“ од 19:00 часот ќе го одиграат решавачкиот натпревар од Евролигата во сезоната 2022/23.
Кралскиот клуб има најмногу трофеи во Европа десет титули, тимот од Пиреја има три, но дуелот во Каунас го дочекува како благ фаворит и со повеќе од 5.000 навивачи кои сигурно ќе направат пеколна атмосфера.
Благодарение на спектакуларната трета четвртина против Монако, Олимпијакос обезбеди место во борбата за трофејот, додека мадриѓаните уште еднаш докажаа дека никој никогаш не треба да ги потцени со триумфот во „Ел Класико“.
Реал последен пат беше европски шампион во 2018 година со Лука Дончиќ во тимот, а беше најавено дека Словенецот вечерва од првиот ред ќе го бодри својот поранешен клуб.
Црвено-белите го чекаат трофејот од 2013 година.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение