Гостивар
„Фајтерски“ К1 и бокс спектакл во Гостивар (фото галерија)
Под називот „Ноќ на гладијаторите“ вчера во Гостивар се одржа во вистинска смисла на зборот „fight“ спектакл, на кој вкупно имаше 13 борби во К1 и бокс. Главниот дуел на вечерта беше во К1, супер тешка категорија, над 95 килограми каде се сретнаа Сазан Мемеди кој потекнува од Гостивар и Иван Вичиќ од Р.Србија.
Мемеди го доби мечот со нокаут во втората рунда.
За Сазан Мемеди ова беше прв настап пред гостиварската публика, тој живее и работи во Швајцарија. Во останатите борби се сретнаа: Рејан Салмани-Цветан Србакоски, Мухамер Реџепи-Андреј Јованоски, Ване Вучков-Вања Думитров, Арди Алими-Јован Жељковиќ, Фуркан Гафури-Ардиан Исмаили, Драган Ѓорѓиоски-Саша Дајиќ, Валмир Пержаку-Антонио Зовак, Барди Салмани-Ален Ковачевиќ, Бајрам Рамадани-Владимир Вујадинов, Нуредин Рушани-Бранислав Досеновиќ, Денис Мухамеровски-Јовица Сугиќ и Мерис Идризи-Иван Ѓуриќ.
Настанот имаше и хуманитерен карактер, собраните средства ќе бидат донирани на организацијата Балкански сираци.
Сите дуели на вчерашниот настан беа жестоки и борците добија заслужен аплауз од публиката за храбоста, издржливоста и се она што прикажаа во рингот. Но, мора посебно да го издвоиме настапот на Мерис Идризи.
Сеуште голобрадиот 16-годишен борец кој потекнува од Жировница, а тренира и живее во Швајцарија, со својот симпатичен изглед ни малку не наликуваше на некој кој знае да удира.
Но, по отчукнувањето на гоногот, Мерис се претвори во безмилосен гладијатор. Распали со сета сила и техника по неколку години повозрасниот противник, нокаутирајќи го во првата рунда, што беше знак публиката да еруптира и со овации го испрати храбриот млад борец. Мерис, честитки за прикажаното и од нас!
Погледнете ги и останатите фотографии од Ноќ на гладијаторите 2019 во Гостивар:
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар