Гостивар
Фалсификувани евра кружат во Гостивар, полицијата истражува и апелира на внимателност

Изминатиот период зачести појавата на купување со фалсификувани пари во Гостивар. За период од две недели откриени се четири случаи при кои лица пазарувале во маркети, аптеки и слично, а плаќале со лажни банкноти, најчесто од 50 евра.
Меѓу лишените од слобода под сомнение за користење на фалсификувани пари имаше и малолетно лице на возраст од 17 години.
Полицијата ги истражува случаите и апелира на внимателност.
„Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје и посебно до трговците и угостителите да внимаваат какви банкноти примаат, односно со какви банкноти им се плаќаат производите или услугите. Зашто, во последно време на ова подрачје во неколку случаи се појавија фалсификувани банкноти од 50 евра и 1000 денари. СВР Тетово укажува дека фалсификувањето пари и нивното пуштање во оптек е кривично дело (член 268 од Кривичниот законик), за кое е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, зависно од вкупната сума, крајните последици и друго.“, изјави портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила