Рецепти
Фантастичен рецепт за зимница – Чери домати во маслиново масло
Во зимницата оваа година вклучете ги и неодоливите мали убавици – чери домати. За домаќинките нова идеја и интересен рецепт се секогаш добредојдени. Особено кога станува збор за зимницата, за која не треба да има граница во креативноста и пробувањето на нови нешта. Може да се користат двете врсти, црвени и жолти.
состојки:
700 гр. чери домати
5-6 чешниња лук
1 лажичка оригано
1 лажичка сол
неколку листови босилек
2 лажички шеќер
маслиново масло по потреба
подготовка: Во тава на тивок оган загрејте маслиново масло и ставете ги чери доматите. Пропржете само неколку минути, промешувајте и внимавајте плодовите да останат цели. Кога ќе ја тргнете тавата од огнот, во чери доматите додадете ги шеќерот, солта и ориганото. Редете ги доматите во загреани тегли, при што ќе додавате парчиња лук и листови босилек. Повремено протресувајте ги теглите, за доматите убаво да се распоредат. Откако ќе се наполнат теглите, се залеваат со маслиново масло. Добро затворените тегли може да се пастеризираат на старински начин, во лонец во кој на дното се става крпа, се редат теглите, се залева со вода и се остава да врие не повеќе од 2-3 минути.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди