Култура
„Фантомот од училишната табла“ – нова премиера на гостиварскиот театар Дунек

Театар „Дунек“ од Гостивар излегува со нова претстава пред домашната публика. Се работи за драмата со наслов „Фантомот од училишната табла“ во која глуми млада, но веќе искусна актерска екипа. Премиерата е закажана за утревечер (четврток) на сцената на Центарот за култура АСНОМ со почеток во 20 часот.
„Новата претстава е поинаква од досегашните – динамична, енергична и е работена според вистински настан кој се случил во Америка пред 20 години. Преставата ги прикажува недостатоците и пропустите на едно општество и носи многу добра порака која веруваме дека ќе допре до сите. Ги покануваме гостиварци да дојдат на премиерата и да уживаат, ние ветуваме дека никој нема да остане рамнодушен.“, велат од „Дунек“.
Улогите ги играат: Виктор Анѓелкоски, Живе Ристоски, Војкан Михајлоски, Драгана Богоеска, Теодора Матеска, Константина Ѓурковиќ, Теодора Волческа, Ивана Мерџаноска и Тома Стојаноски.
Режијата е на Ѓорѓи Нешкоски, а техничкото водство е во рацете на Јасер Хусеини и Александар Нешкоски.
По утрешната премиера, претставата ќе биде изведена и во петок за организирани посети од учениците.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!