Вести
Фарски Острови последен ривал на македонските фудбалери во групната фаза од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација денес ги завршува настапите во групата од Ц-сегментот на Лигата на нации.
На Националната арена „Тодор Проески“ попладне од 15 часот гостува селекцијата на Фарски Острови.
Напаѓачот Александар Трајковски верува дека може да се продолжи победничката серија која трае четири натпревари.
- Постои мал замор бидејќи играме во три дена два натпревари, но не е прв пат да имаме ваков ритам. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од себе и наша цел е со победа да го завршиме ова издание во Лига на нации. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот сметам дека може да ја оствариме целта и три бода, изјави Трајковски.
Во пресрет на натпреварите од 6. коло, Македонија е лидер во групата со 13 бодови, Фарски Острови имаат 6, Ерменија и Летонија по 3.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог