Гостивар
Фатени 36 пијани возачи во Гостивар и Тетово, едниот со 2,89 промили алкохол во крвта

При акциската контрола на полициските службеници на територијата на СВР Тетово, вчера од 22 до 04 часот, биле санкционирани 36 возачи од кои 24 во Тетово и 12 во Гостивар, кои возеле под дејство на алкохол.
Кај еден возач од Тетово, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта.
– Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, информира МВР.
Санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци (13 во Тетово и 5 во Гостивар).
СВР Тетово повторно со апел до возачите, посебно до младите, да не се возат доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и да не возат пребрзо и да не престигнуваат на недозволени места.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава