Гостивар
Фатени лицата кои украдоа овци во Градец, се сомничат и за 20-тина други кражби

СВР Тетово извести дека вчера (6 септември) околу 10.15 часот во Добридол, полициски службеници на Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода 18-годишниот Ј.М и 23-годишниот А.Д, двајцата од ова село.
„Тие се осомничени дека минатата и оваа година извршиле дваесетина тешки кражби во регионот на Врапчиште и во тетовско, при што од куќи и други објекти одземале пари, предмети, добиток…Тие се осомничени и за кражбата извршена на 4 септември при што од штала сопственост на 49-годишниот А.А. од гостиварски Градец одзеле 48 овци. Дел од одземените овци биле пронајдени и вратени на сопственикот.“, се вели во полициското соопштение.
Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок и денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!