Гостивар
Фатени пијани возачи ноќеска во акција во Гостивар и Тетово

СВР Тетово информира дека ноќеска (18/19 март) од 22 до 3 часот на тетовско-гостиварско подрачје била спроведена сообраќајна акциска контрола на возачи-дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 6 возачи (Тетово-4 и Гостивар-2) кај кои било утврдено присуство на алкохол во крвта од кои кај тројца до еден и пол промили.
„Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и времено им се одземени нивните возачки дозволи. Покрај ова, санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци.“, соопшти полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да се воздржат од консумирање алкохол ако управуваат возило, зашто алкохолот ја намалува нивната способност и концентрација и ја доведува во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот во регионот и пошироко. Се апелира, исто така, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не тргнуваат на пат со технички неисправни возила.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава