Гостивар
Фатени пијани возачи во Гостивар, имало и одбивање за алкотест

Изминатиот викенд (28/29 јануари) при контрола спроведена во ноќните часови на тетовско-гостиварското подрачје биле откриени и санкционирани 8 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол (Тетово-4 и Гостивар-4). Еден во Гостивар одбил да се алкотестира. Сите прекршители биле веднаш исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, со кои е предвидена парична глоба од 250 до 400 евра во денарска противвредност и заштитна мерка-времено одземање на возачите дозволи од три месеци до една година, соопшти СВР.
Во овој период, исто така, спроведена е засилена акциска контрола за престигнување, во која биле санкционирани 23 возачи (ТЕ-16 и ГВ-7), а кои престигнувале на забранети места. Покрај тоа, во двете контролни активности откриени се и 19 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-6).
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите да не консумираат алкохол доколку возат, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не престигнуваат на непрегледни и забранети места, со што непосредно ќе придонесат за поголема сообраќајна безбедност во Полошкиот регион и пошироко. Ова, дотолку повеќе што се најавуваат снежни врнежи, влажни коловози и отежнати услови за движење на возилата, посебно кон Попова Шапка, Стража и Маврово.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава