Гостивар
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Црковниот одбор на манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана во Гостивар, информира за немил настан што се случил ноќеска, на 14 јануари 2025 година по одбележувањето на Православна Нова година.
„Ја известуваме јавноста дека на 14 јануари 2025 година, околу 2:30 часот по полноќ, лице од Циглана беше затекнато и фатено на лице место, како неовластено зема пари од црковната каса во манастирот. Црковниот одбор остро го осудува овој чин и апелира за поголема свест и почитување на црковниот имот.“ рекоа од Одборот за Gostivarpress.mk.
Одборот нагласува дека ќе преземе дополнителни мерки за заштита на манастирот и црковните добра, со цел спречување на слични инциденти во иднина. Истовремено, упатува апел до сите верници и жители на населбата за одговорност и заеднички напори во зачувување на светиот простор.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо