Поврзи се со нас

Вести

ФЕЉТОН: Како се роди гостиварската кошарка (2)

Објавено

на

Впишувањето на клубот во кошаркарската мапа на Југославија…

Почетоците за младите гостиварски кошаркари не биле лесни, но тимот се одликувал со борбеност, трудољубивост и единство. Интересна е приказната која открива како клубот го добил првиот тренер, по директива на Кошаркарскиот сојуз на тогашна Југославија.

Нашиот соговорник Петар Илоски ја раскажа до детали, како да била вчера, а не пред скоро шест децении:

„Натпревар кој придонесе да бидеме забележани и впишани на кошаркарската мапа на Југославија е натпреварот против Иванград во Црна Гора кој го одигравме во 1958 година. Некој од тогашните спортски работници не споменал и не пофалил во Кошаркарскиот сојуз на Југославија во Белград. Рекол има една екипа која се одликува со огромна борбеност и упорност, која не се штеди на натпреварите, опстанува сама без тренер, без стручни лица во клубот и кошаркарите ги води само љубовта кон кошарката. На тој натпревар без да знае никој од клубот биле испратени луѓе од КСЈ да не видат во живо, да проверат дали се точни кажувањата за екипата. Ние натпреварот не го одигравме којзнае како, нити пак знаевме дека некој не гледа па да покажуваме нешто, игравме како и секој друг натпревар борбено и со емоции. Потоа на состанок во сојузот, како што разбравме во Гостивар, скаутот кој присуствувал на натпреварот на највиското раководство пренесол дека има една екипа од Македонија, поточно од една мала паланка Гостивар, која се одликува со таква борбеност и љубов кон кошарката што треба и ние да научиме нешто од нив. Но им недостига тактика, стратегија, некој да ги подучи, се натпреваруваат без тренер… А мора да напоменам дека во тие години кошаркарската репрезентација на СФРЈ беше медитерански првак и никој не можеше да ја победи“.

После тој настан, по директива на највисокиот орган на Кошаркарскиот сојуз на Југославија на КК Маврово, на сметка на сојузот им бил испратен врвен стратег и тренер од Белград – Марковиќ. После овој настан цела југословенска кошаркарска јавност дозна за КК Маврово, клуб препознатлив по борбеност и пожртвуваност. Под водство на тренерот Марковиќ клубот станал сериозен конкурент за високи позиции, се ределе успеси, а кошарката станала спорт број еден во Гостивар.  „Толку беше голем интересот да се гледа натпревар, што кога игравме учениците бегаа од часови за да не гледаат“, вели чичко Перо.

На каков необичен начин ги бодрел своите играчи и колку добро ја познавал кошарката и кошаркарите Марковиќ ќе дознаете од раскажувањето на една случка од натпревар одигран во Гостивар против КК Раднички од Ниш.

„Натпреварите обично се играа на отворен терен летно време и тоа најчесто после 17 часот. Овој натпревар тренерот Марковиќ го имаше закажано во 15 часот… (продолжува)

Благодарност до: МОНТЕНЕГРО, SPORT VISION СКОПЈЕ, WINNER CASINO, ТЕРМАЛ КОМФОРТ, ЦЕНТАР ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА-ГОСТИВАР, МЛЕКАРА МАВРОВО, AVVA FASHION, ROYAL GARDEN.
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 3 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена