Спорт
Феникс 2010 го декласира КК Гостивар вечерва во Скопје 84-66

КК Гостивар го доживеа третиот пораз сезонава и еден од најтешките порази во поновата историја на клубот, губејќи го вечерва натпреварот во Скопје против Феникс 2010 со резултат 84-66.
Гостиварци изгледа лошо на денешниот меч од самиот почеток, што говорат и бројките. За 10 минути во првиот период примија дури 30 поени, во вторите уште 28 поени, а постигнаа само 27 за цело прво полувреме. Веќе на паузата Феникс имаше позитива од 31 поен, на одморот се замина со резултат 58-27.
Во вториот дел гостите успаа да го добијат третиот период (12-19), ги добија и последните 10 минути (14-20), но тоа беше максимумот од избраниците на Љупчо Малинков што можеа вечерва. Феникс растрчан и силно мотивиран за време на целиот натпревар не дозволи гостите да го загрозат победникот, се чекаше само конечниот резултат 84-66.
Бојан Трајковски и американецот Такер со по 20 поени беа најефикасни на натпреварот, кај КК Гостивар Димитриевски и Корсантија постигнаа по 13 поени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава