Култура
Фестивал на краткометражни европски филмови во Гостивар
Гостивар ќе биде дел од патувачкиот филмски фестивал „Европанорама 2019“ во чии рамки публиката ќе има можност да проследи петнаесетина краткометражни европски и скандинавски филмови. Станува збор за различни жанрови: анимирани, фикција, документарни, режирани од млади европски режисери.
Фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар на 22 и 23 март. Проекциите започнуваат во 19 часот, а влезот е слободен. Филмовите ќе бидат прикажани на оригиналниот јазик, со англиски превод.
„Европанорама 2019“ претходно гостуваше во Осло, Бејрут, Љубљана, Белград, Загреб, Грац, Рига, Копенхаген, Будимпешта, а освен во Гостивар, ќе се одржи и во Скопје.
Фестивалот е во организација на Ljubljana short film festival, Transit Film Bazaar, со поддршка на The Nordic, Европската делегација во Македонија и Гете институтот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар