Поврзи се со нас

Гостивар

Фестивал „Отело“: Гостивар деновиве живее во духот на театарот

На радост и задоволство на љубителите на театарската уметност, вчеравечер во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар беше отворен Меѓународниот театарски фестивал „Отело“. На вечерта на отворањето, публиката имаше можност да ја проследи претставата „Надвор паѓа снег“ во изведба на тетовскиот театар, којашто е надвор од конкуренција за награда.

До 8-ми ноември (петок), секоја вечер во Гостивар, ќе биде вечер на театарот, со по една претстава.

„Благодарение на селекторот на фестивалот, режисерот Ќендрим Ријани програмата е многу добра. Очекуваме голем број љубители на театарот да дојдат и да ги гледаат претставите, а секако ние како организатори сме добро подготвени се` да протече како што треба“, изјави Арѓент Хасани, директор на фестивалот.

Сите претстави ќе се играат на сцената на Центарот за култура, со почеток во 19 часот.

„Имаме шест вечери на добар театар од цел Балкан, на сите јазици. Очекувам Гостивар добро да биде вклопен во оваа,да ја наречеме културна инфузија, за да оживее градот како што треба. Би им порачал на граѓаните, секој што е во можност да присуствува. Има навистина добар репертоар и се очекува фестивалот да помине на највисоко ниво.“, рече директорот на Центарот, Ход Мифтари.

На свеченото отворање свое обраќање имаше продуцентот на „Отело“, Берат Салиу.

„За да целиот фестивал изгледа така како што треба, се погрижи посветен и вреден тим: директор Арѓент Хасани, уметникот Бурхан Ахмети, Хајдар Хајдари како менаџер,  режисерот Ријани како селектор, а голема благодарност и до директорот на Центарот за култура Ход Мифтари за одличната соработка и поддршка“, рече Салиу.

Информации за програмата на фестивалот и предвидените награди, можете да најдете на следниот линк

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!