Гостивар
Февруарска седница на Советот на Гостивар-Одлуки за задолжување, легализација и именувања

Советот на Општина Гостивар на денешната седница донесе неколку одлуки од различни области. Дневниот ред на февруарското состанување на советот беше краток и точките беа усвоени без дебати и дискусии.
Советниците изгласаа одлука за долгорочно домашно задолжување на општината во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Како што појасни секретарот на Општина Гостивар, Зоран Крајоски се работи за рутинска постапка која се бара од надлежните институции и за која веќе Советот дал согласност лани, но поради промена на динамиката на процедурите неопходно е иста одлука да се донесе и годинава. Инаку, проектот предвидува општинската зграда да стане енергетски ефикасна со термофасада, нови прозори и сл.
На седницата беа усвоени и одлуки од областа на урбанизамот, како и за разрешување и именување на членови на Управни одбори на две училишта и на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за јавни паркиралишта и зеленило Гостивар.
Како што претходно објавивме со обојување на дланките во разни бои, советниците дадоа симболична поддршка на лицата со ретки болести во пресрет на 28 февруари, Светскиот ден на ретките.
„Ретко значи да талкаш по дијагнозата со месеци, некогаш и со години. Ретко е да мора да им ја објаснуваш својата болест на луѓето затоа што мислат дека ја измислуваш. Ретко е кога секој ден е борба за да се завршат секојдневните обврски. Ретко е кога не можеш да ја планираш иднината. Да им дадеме безрезервна поддршка на лицата со ретки болести, да се осврнеме на нивните проблеми и да ги охрабриме“, рече во своето обраќање советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Ќироска, претседателка на Комисијата за еднакви можности.
Со оглед дека во сабота (1 март) за муслиманските верници почнува рамазанскиот пост, од говорницата се обрати советничката на ДУИ, Вјолца Бафтиу Зулбеари повикувајќи на взаемна почит, обединетост, хуманост и ширење добрина.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите