Македонија
Февруарската плата поголема за 1000 припадници на МВР

Над 1000 припадници на МВР за месец јануари ќе земат надомест за домашно дежурство, пишува на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој посочува дека вкупно на 1008 колеги од МВР ќе се исплатат 1.400.000 денари.
– Јануарската исплата ќе биде реализирана заедно со платата за месец февруари. Со новиот Колективен договор помеѓу Министерството за внатрешни работи и репрезентативниот Македонски полициски синдикат заеднички испишавме историја во синдикализмот во РСМ и го потврдивме слоганот на МПС и МВР дека ‘Само преку дијалог се доаѓа до вистински решенија, пишува министерот Спасовски.
Истовремено министерот посочува дека како раководство на МВР, ја оствариле целта којашто во 2017 година ја поставиле.
– Квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди, неопходни за подобрување на условите на работа на вработените.
Продолжуваме со создавањето на подобри услови за полицијата за подобри услуги кон граѓаните, вели Спасовски.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!