Спорт
ФФМ: Благодарност за импресивната поддршка од навивачите

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази попладнево „голема благодарност за импресивната поддршка“ која навивачите им ја дадоа на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на вчерашниот натпревар против Бугарија.
Според официјалните податоци, вкупно 20.173 гледачи го следеа од трибините на Арената во Скопје дуелот меѓу македонската и бугарската репрезентација во рамки на последното коло од групата 4 во Ц-дивизијата во Лигата на нации на УЕФА.
– Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија, од првата до последната минута, соопшти ФФМ.
Бугарската репрезентација со минимални 1-0 триумфираше над македонскиот состав, кој речиси целиот натопреар го одигра со фудбалер помалку поради исклучувањето во 14. минута на десниот бек Тодор Тодорски.
– На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена. До следниот натпревар, напред Македонија, се додава во реакцијата на ФФМ.
-
Гостиварпред 6 дена
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 1 месец
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение
-
Гостиварпред 2 месеци
Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие