Спорт
ФФМ ги суспендира судиите кои го судеа вчерашниот натпревар ФК Гостивар – Вардар

За натпреварот од 22. коло од Втората фудбалска лига – Запад кој се одигра вчера на Градскиот стадион во Гостивар помеѓу екипите на ФК Гостивар и Вардар, во кој главна улога имаа делителите на правдата со низа нејасни одлуки со кои ја зачудија фудбалската јавност па и самите фудбалери на теренот, денес се огласи Фудбалската федерација на Македонија.
„Судиска комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 22. коло на 2 МФЛ – ЗАПАД и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот ФК ГОСТИВАР – ФК ВАРДАР одигран на 09.04.2022 година, анализирани се ситуациите во 4, 8, 33, 42 и 45+2 минута.
Главен судија: Илиоски Влатко; Помошни судии: Костоски Зоран и Смилкоски Марјан;
04. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено слободен удар).
По еден изведен корнер за екипата на Вардар, играч на Вардар постигнува гол со удар со глава, главниот судија го поништува голот и неоправдано досудува прекршок врз голманот на домашната екипа.
08. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
При напад на домашната екипа, играч на Гостивар постигнува гол кој оправдано е поништен поради офсајд позиција, играчот на Гостивар во момент на додавање на топката е понапред од претпоследниот играч од одбраната на Вардар.
33. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досудено удар од 11 метри)
Играч од одбраната на Вардар и играч од нападот на Гостивар се во дуел, одбранбениот играч на Вардар ја одбива топката пред напаѓачот на Гостивар, исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, (нема прекршок за 11 метри).
42. минута ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено удар од 11 метри)
Играч на Гостивар додаде топка до соиграч кој беше во шеснаесетникот на Вардар, во моментот на примање на топката двата противнички играчи се статични и доаѓа до еден дуел каде има минимален контакт недоволен за прекршок, главниот судија неоправдано покажа удар од 11 метри за домашната екипа, по кој домашните израмнија на 1:1
45+2 минута ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА И ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
Вториот помошен судија занесен во играта заборава дека во шеснаесетникот на Гостивар останува претпоследниот одбранбен играч на Гостивар и напаѓач на Вардар и се рамни со вториот претпоследен играч од ФК Гостивар кој е 10-15 метри понапред од претпоследниот, при тоа се додава топка до напаѓач на ФК Вардар кој е во дозволена позиција, а помошниот судија неоправдано го подига знаменцето и рекламира офсајд и е неоправдано прифатен од страна на главниот судија. Погрешна одлука на двајцата судии во овој момент“, се вели во соопштението на ФФМ.
Судиската комисија при ФФМ донесе одлука да ги суспендира главниот судија Влатко Илиоски од Прилеп, заедно со помошникот Марјан Смилкоски исто од Прилеп до крајот на оваа сезона, па нема да бидат делегирани од ФФМ ниту на мечевите од Првата, ниту во Втората лига.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград