Поврзи се со нас

Спорт

ФИФА: СП ќе го отворат Холандија и Сенегал

Објавено

на

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го измени распоредот за претстојното Светско првенство во Катар, и спротивно на востановената традиција првиот натпревар да го игра домаќинот, завршниот турнир ќе го отворат Холандија и Сенегал.

Тоа ќе биде дуел од 1. коло во групата А во која се и Катар и Еквадор, но Холандија и Сенегал ќе истрчаат на теренот на стадионот Ал Тумам во Доха во 11 часот по средноевропско време, додека Катар и Еквадор својот дуел ќе го одиграат истиот ден, но од 17 часот на стадионот Ал Бајт во Ал Кор.

Вчера во Доха, главниот град на домаќинот Катар, со ждрепка беше одреден составот на групите за Светското првенство во фудбал.

На Мундијалот во Катар ќе бидат одиграни вкупно 64 натпревари. Настап на Светското првенство спроти одредувањето на групите изборија 29 репрезентации, а последните три ќе бидат познати по завршните бараж натпревари.

Група А: Катар, Еквадор, Холандија, Сенегал.

Група Б: Англија, Иран, САД, (Шкотска/Украина/Велс)

Група Ц: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико, Полска.

Група Д: Франција, (ОАЕ, /Австралија/Перу), Данска, Тунис,

Група Е: Шпанија, (Костарика/Нов Зеланд), Германија, Јапонија.

Група Ф: Белгија, Канада, Хрватска, Мароко.

Група Г: Бразил, Швајцарија, Србија, Камерун.

Група Х: Португалија, Гана, Уругвај, Јужна Кореја.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 22 ноември до 18 декември.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена