Македонија
Филипче: „Астра Зенека“ нема да се дава на помлади од 60 години

Министерот за здравство Венко Филипче вчеравечер во емисијата Клик Плус на ТВ21 соопшти дека по најновите објави коишто доаѓаат од Канада и Германија, вакцината „Аста Зенека“ нема да се дава на граѓани под 60 години.
„Денеска има нови ставови на Агенцијата за лекови во Канада и во Германија во кои укажуваат дека таа вакцина на лицата под 60 години не се дава. После таа објава ние вечерва разговаравме, и заземавме став, секако утре ќе го официјализираме. Секако почнуваме со постарите граѓани, кај кои ваквите несакани ефекти не се случиле. Во меѓувреме ќе упатиме писмо до ЕМА (Европска медицинска агенција), а до тогаш ќе ги примениме препораките на овие две земји, додека не се потврди поинаку. Значи, овие вакцини нема да ги даваме на лица помлади од 60 години. Секако фокус се постарите граѓаните. Ќе се обратиме до ЕМА, ќе видиме што ќе биде одговорот и ќе постапуваме согласно нивните препораки“, рече Филипче.
Денес (31 март) започнува вакцинацијата против ковид за населението во Македонија со вакцини на „Астра Зенека“ кои пристигнаа преку Ковакс системот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград