Поврзи се со нас

Македонија

Филипче: И денеска има околу 1000 новодијагностицирани со Ковид-19

Објавено

на

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека и денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Тој рече дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани.

За организација на сите настани и на отворено и на затворено, посочи, потребно е да се приложи сертификат за примена најмалку една вакцина или доказ дека болеста е прележана за што има временски период од 45 дена без разлика дали во објектот има под 30 или над 30 посетители. Потенцира дека единствено ако во угостителскиот објект или на настанот има над 30 луѓе, треба да се организира редарската служба.

– Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани. Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600 000 многу малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главниот проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани. Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани и во другите земји заболуваат меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој кој е вакциниран, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по свеченоста по повод Денот на Армијата.

Тој потенцира дека во текот на вчерашниот ден целосно било ставено во функција инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“, каде, како што појасни, има слободни кревети, но обезбедуваат дополнителен простор во делот на интензивната нега.

– Од вчера попладне целосно во функција се стави модуларната болница до Инфективната клиника и за тука има обезбедено дополнителен кадар од другите клиники. Околу 10-тина кревети веќе се зафатени. Имаме и други капацитети кои се подготвени тоа е болницата за рехаблитација во Козле. Притисокот во болницата во Тетово според разговорот кој го имав синоќа со директорот беше нешто спласнат. Останува оној голем број прегледи во текот на денот во сите институции во болниците каде има притисок, рече Филипче.

Тој истакна дека нема укажувања за вработените, одлуките се однесуваат за места каде има масовно присуство на луѓе каде може да има трансмисија на вирусот и тоа е логиката на овие мерки.

– Предизвици секогаш ќе има и некои технички праша во делот на спроведувањето, некои логични прашања кои ќе се наметнуваат и ќе одговориме секако но целта е да се стимулира вакцинацијата затоа што гледаме дека во градовите каде има повисок опфат со вакцинација засега нема притисок во болниците како што се Битола, Охрид и Штип каде опфатот на вакцинација е близу 50 проценти. Така што во таа смисла сите мерки се димензионира да се зголеми опфатот за ванцинација и да се спречи ширењето на вирусот, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 19 минути

Како до поголема сообраќајна безбедност: Затворски казни, одземање возила, ефективни контроли за градење сообраќајна култура…

Здравје и убавинапред 1 час

Лути и лековити – намирници кои го зајакнуваат вашето здравје

Спортпред 15 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 16 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 18 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 20 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 21 час

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 22 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 22 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена