Македонија
Филипче: Ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка кога ќе заврши истрагата
Министерот за здравство Венко Филипче попладнево за прв пат даде изјава во јавноста, по трагичниот пожар во Тетово во модуларната болница, во кој загинаа 14 лица. Министерот прес конференцијата ја започна со извинување што доцна излегува со изјава, а причината за тоа е како што рече потребата да соберат што повеќе релевантни информации. „Се‘ уште трае истрагата и затоа замолувам да имаме трпение и да ги сочекаме наводите. На денешната седница на Владата донесоваме одлука да се вклучат и експерти од странство, заради потемелна истрага и барам сите наоди уредно да бидат презентирани во јавноста“, рече министерот.
Во однос на поднесување оставка од функцијата прв човек на здравство, Филипче изјави:
„Да кажам дека не бегам од одговорност, но ќе инсистирам и ќе чекам да заврши истрагата. И овој период ќе има потреба од менаџирање на кризата, посебно со пациентите во Тетово, завршување на обдукциони наоди итн, и по завршување на истрагата ќе донесам одлука, дали ќе поднесам оставка. Тешко е да се опише со зборови тежината и болката што ја осеќам, сочувствувам со членовите на смејствата, но ќе ги чекаме официјалните наводи на истрагата. Не бегам од одговорност ниту од наводите од истрагат, ниту од моралниот момент“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија