Поврзи се со нас

Вести

Филипче: Лечењето на ковид болните сега трае подолго, и кај помлади има драстични влошувања

Објавено

на

Од утре и задутре почнуваат да важат новите рестриктивни мерки во земјава, кои се однесуваат на построг полициски час и затворање на угостителските објекти, обложувалници, теретани.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека земјава се соочува со бран којшто е предизвикан од мутација на вирусот, различна во однос на карактеристиките што тој вирус ги имаше во месец ноември минатата година.

„Имаме голем број на пациенти кои се хоспитализирани во болниците, имаме една карактеристика, лекувањето сега да трае нешто подолго во однос на лекувањето на заболените кои беа хоспитализирани минатата година во месец ноември. Сега имаме дури и кај помлади пацiенти влошување во 12, 13, 14 ден од лекувањето на начин во една форма која навистина ретко се гледа, со драстично влошување на сликата на белите дробови на крвта, што многу често за жал завршува со лош исход и покрај сите вообичаени третмани на лекување и терапевски пристап. Сетоа тоа создава дополнителен терет на сите болнички установи каде што се хоспитализираат пациентите, притисок на сите здравствени работници коишто се целосно мобилизирани и учествуваат во лекувањето на овие пациенти. Во таа смисла досегашните мерки на некој начин ги стабилизираа бројките, не дозволија експоненцијален раст во делот на хоспитализацијата. Пикот, се надевам дека нема да има измени, беше на 31 март, 1 април, 2 април сега нешто се намалува, сепак е огромна бројката на новодијагностицирани пациенти целиот овој изминат период, огромна бројката на хоспитализирани пациенти и сето тоа иако со намалена динамика се акумулира и создава огромен притисок во болниците“, истакна министерот Филипче.

Тој посочи дека празниците коишто доаѓаат може дополнително да ја комплицираат епидемиолошката ситуација и во таа смисла не се сака да дозволи во продолжение на целиот тој период да се случи уште едно дополнително оптеретување на здравствениот систем, а дополнителните рестриктивни мерки се со цел епидемиолошката слика да стивне.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена