Гостивар
Филипче: Наесен коронавирусот ќе се шири побрзо и посилно!
Есенскиот корона бран, според очекувањата на надлежните ќе биде посилен и побрз. Како што нагласи на денешната прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче, во здравствениот систем веќе се прават подготовки за наплив на пациенти. Се разгледуваат условите и можностите, студентски домови да се адаптираат за хоспитализација на пациенти со ковид 19. Во кругот на клиниката на Пулмологија ќе има монтажна амбуланта за тријажа на пациенти со белодробни тегоби.
„Состојбите потврдуваат дека вирусот е тука и очигледно ќе остане подолго време. Мора да бидеме подготвени, да го подготвиме здравствениот систем и да ги почитуваме мерките за лична заштита. Мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго, отколку што сите земји во светот очекуваа. Останува претпоставката дека наесен вирусот повеќе и побрзо ќе се шири, луѓето ќе бидат повеќе во затворени простории каде веројатноста од зараза е поголема.“, рече министерот.
Освен апелот до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита, Филипче нагласи дека особено внимателни треба да бидат возрасните и хронично болните лица.
„Во последниот неделен извештај 57 смртни случаи има во десет града, осум помалку од претходната недела. Најголем број од случаите биле на возраст над 60 години, а 44 од нив имале претходни хронични заболувања. Апелирам возрасните и хронично болните да бидат исклучително внимателни“, потенција министерот.
Во земјава, процентот на хоспитализирани се движи околу 11-12% од вкупниот број на заразени, додека останатите се на домашно лекување со лесни симптоми или асимптоматски.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди