Поврзи се со нас

Вести

Филипче: Природниот имунитет се намалува, вакциналниот е потраен – доктори со поинаков став

Објавено

на

„Јасни се препораките дека природниот имунитет после прележување на болеста, со тек на време се намалува и вакциналниот е оној којшто е потраен.“, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче.

„Во таа смисла, Американскиот центар за контрола на болести тоа го укажува, Светската Здравствена Организација тоа го укажува, според препораките 10 дена после тестирањето кај асимптоматските пациенти се препорачува вакцинација. Значи, сите препораки одат кон тоа за што пократко време, луѓето да се имунизираат. Точно е дека има студии коишто препорачуваат и коишто констатираат дека луѓето, граѓаните имаат имунитет и после 5-6 месеци по прележувањето на болеста, други студии и после 8 месеци, меѓутоа природниот имунитет се намалува. Имајќи предвид дека имаме препораки за што поскоро вакцинирање битно е граѓаните да се вакцинираат и за што пократко време да се постигне колективен имунитет. Не можеме веќе да чекаме и да се соочуваме со нови бранови, а низок процент на вакцинација. Тоа е логиката и за препораката од 45 дена по прележувањето граѓаните да се вакцинираат. Нема зошто да се одложува вакцинацијата, а бенефитот е подигање на колективниот имунитет, за целосно да се смени сликата со пандемијата.“, вели министерот.

Доктори искажуваат поинакви ставови во јавноста. „Зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, кога последните студии недвосмислено покажуваат дека прележаните имаат посилен и подолготраен имунитет од вакцинираните и дека заштитата на еден прележан ковид пациент, вакциниран само со една доза, е посилна, отколку заштитата со две дози кај непрележан?“, пишува проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог.

„Сите сознанија водат до тоа дека природниот имунитет (прележаност) води до значајна заштита од зараза со SARS-CoV-2, исто како и најдобрите вакцини. Значи природно имунизираните имаат слична заштита како вакцинално имунизираните со две дози. Природно имунизираните стекнуваат додатна заштита (2-3 пати) кон овој и најверојатно кон идни соеви, доколку се вакцинираат барем со една доза. Во моите, а и во сечии очи сметам дека природно имунизираните во најмала рака имаат слична заштита од КОВИД-19 како и вакцинално имунизираните.“, е ставот на д-р Горан Кунгуловски, генетичар.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 53 минути

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 3 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 4 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 5 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 6 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 8 часа

11 намирници за подобра циркулација

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена