Поврзи се со нас

Македонија

Филипче: Светот оди во правец целосно да се нормализира животот на вакцинираните

Објавено

на

„Тоа што го донесе Европската Унија како одлука оди во прилог на нашата политика, а тоа е да има што поголем број на вакцинирани граѓани. Заради тоа што токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ПЦР тестови, не е потребен ниту карантин и тоа е доказ дека буквално целиот свет оди во тој правец, целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето коишто се вакцинирани и очигледно свесни дека тоа е единствениот спас да го вратиме нормалниот живот“, истакна министерот за здравство Венко Филипче, коментирајќи ја одлуката на ЕУ да ја стави Северна Македонија на „црвена листа“ на земји во Европа.

Министерот додаде дека само вакцинирани луѓе и таму во европските земји може да влегуваат и на настани и во угостителски објекти. Секаде како критериум, како што рече, се бара вакцинацијата и затоа сме спремни со тие сертификати. Тој посочи дека му е драго што интензивната работа на тимот се исплатела, сега се признаени тие сертификати за вакцинација.

– Очигледно е дека сите земји во светот се повеќе ќе ставаат акцент исклучиво на вакцината како еден инструмент којшто го имаме сега, а го немавме минатата година и тогаш се воведуваа сите овие мерки и рестрикции, но генерално концептот е вакцинираните луѓе да имаат нормални животни навики како што беше пред пандемијата, нагласи Филипче.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена