Македонија
Филипче во посета на Здравствениот дом во Гостивар – најавено реновирање

Министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Асим Муса беа во посета на Здравствениот дом во Гостивар, кадешто остварија средби со раководството и вработените во установата. Гостиварскиот Здравствен Дом е една од 34 јавно-здравствени установи во државата, за кои Министерството за здравство објави тендер за подобрување на условите, односно реновирање.
„Во последниве две години во овој здравствен дом реализирани се седум вработувања , што претставува значително кадровско зајакнување, набавени се две возила за службите, како и стоматолошки столици. Во овој период повеќе од 136.948 пациенти побарале услуги од оваа здравствена установа.“, наведуваат од Министерството и додаваат дека вработените ги поздравиле измените во однос на зголемување на платите на здравствените работници.
Во септември 2018 година платите беа зголемени за 5%, додека во јануари годинава имаше ново покачување од 5% за медицински сестри и 10% за докторите специјалисти.
Филипче во Гостивар, заедно со сопартијците од Општинската организација оствари и средба со граѓани на која се раговарало за актуелни активности на Владата и на партијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар