Поврзи се со нас

Гостивар

Филипоски: Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе стигне секаде каде што е потребно

Објавено

на

Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија во Гостивар, денеска на прес конференција ја претставија домашната платежна картичка „Купувам домашно“ како и условите, процедурата и намената на картичката, која е дел од третиот сет на економски мерки донесени од Владата.

„Ова е мерка од третиот сет економски мерки за поттикнување на домашната потрошувачка и рестартирање на македонската економија. Заедно да ја зајакнеме македонската економија преку директна финансиска подршка на граѓаните кои пак ќе ги потрошат овие пари за купување македонски производи и услуги. Домашната платежна картичка „Купувам домашно“  ќе ја добијат 324.479 граѓани. Без аплицирање и без дополнителни трошоци. Тоа се 28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги за рестартирање на македонската економија. Помошта ќе стигне секаде каде што е потребна:

– 9000 денари им следуваат на невработени лица, активни баратели на работа  и приматели на социјална помош кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари од  јануари до април 2020 година.
– 3000 денари ќе добијат вработени лица кои за периодот јануари -април 2020 година оствариле доход до 60.000 денари по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ.
– 3000 денари им следуваат и на средношколци во државните училишта и студенти од 16 до 29 години.
– Домашна платежна картичка „Купувам домашно“ ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19, со средства во висина од 40% од последната основна нето-плата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зошто секој треба и секој ќе добие поддршка.

Ветивме дека помошта ќе стигне секаде каде што е потребна. Со домашната платежна картичка ќе се помогне на многу наши сограѓани да ја пребродат оваа здравствено – економска криза, предизвикана од коронавирусот“, истакна претседателот на ОО СДСМ Гостивар – Драгуљуб Филипоски.

Од партијата ја појаснија постапката и начинот преку кои граѓаните ќе ја добијат картичката.

„Корисниците ќе ја добијат картичката на домашна адреса или може да се подигне од банката, за истата не се аплицира. Граѓаните ќе добијат Домашна платежна картичка препознатлива со слоган „Купувам домашно“ која ќе ја издаваат банките, на која ќе се наоѓаат средствата и која ќе можат да ја користат“, потенцира Филипоски.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена